Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Гостивар: Мајка го пријавила синот во полиција
    • Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница
    • Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце
    • Кратовчанка го пуштила кучето без подводник, по што нападнало сограѓанин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

    Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

    03.09.2026 во 21:034 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, има историски заслуги за тоа што државата ја стекна својата независност по мирен пат, без војна, жртви и разорувања, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свеченоста по повод 35 години независност, во организација на СДСМ, „Македонија е сè што имаме“.


    Филипче истакна дека историската улога на Глигоров, особено во еден од најтешките периоди на Балканот, сè уште не е доволно вреднувана во неговата татковина.


    „Што направивме со државата што ја добивме пред 35 години по мирен пат без жртви и без разорувања, за што историски заслуги има нашиот претседател Киро Глигоров. Да имаме сопствена самостојна држава по мирен пат, по ужасните војни и крвав распад на Југославија што ги погоди сите републики, неговата заслуга сè уште и по три и пол децении не е вреднувана во неговата татковина како што е вреднувана од светот“, рече Филипче.


    Тој потсети дека Глигоров припаѓаше на генерацијата македонски државотворци која учествуваа во создавањето на темелите на современата македонска државност, а потоа ја предводел земјата во процесот на осамостојување.

    „Во една личност се споија две македонски епохи. Генерацијата што ја создаваше македонската државност во рамките на федерацијата и генерацијата што требаше да ја изведе Македонија од федерацијата и да ја внесе во светот како самостојна држава“, истакна Филипче.


    Големината на Глигоров се гледа токму во неговата способност да ја сочува Македонија од војната која беснееше во регионот.


    „Глигоров во тие пресудни години имаше нешто што политиката многу лесно го губи, а тешко го стекнува. Чувство за мерата на сопствената држава. Знаеше колку сме големи. Знаеше каде и како живееме. Знаеше кои се опасностите. И што е уште поважно, знаеше дека државничката храброст понекогаш се состои во тоа да спречиш трагедија, додека околу тебе политичките партии се натпреваруваат кој погласно ќе зборува за херојство и патриотизам“, рече претседателот на СДСМ.


    Филипче потсети дека во периодот кога во регионот беснееле војни, Македонија успе да го помине најопасниот дел од распадот на Југославија без војна на својата територија.


    „Мирот често изгледа лесно остварлив само откако некој мудар ќе го обезбеди“, рече Филипче, додавајќи дека обидите да се омаловажи улогата на Глигоров не се насочени само против него, туку и против историскиот чин на мирното стекнување на македонската државност.


    „Сите знаеме и видовме дека војната остава зад себе жртви, урнатини, долгогодишни страдања и сиромаштија. Мирот остава живи луѓе кои следното утро одат на работа, деца што одат на училиште и градови што не треба повторно да се градат. Тоа е една од најголемите, а најмалку спектакуларни победи во современата македонска историја“, нагласи Филипче.


    Тој додаде дека суштината на државничката политика на Глигоров била човекот и зачувувањето на државата.


    „Еден човечки живот вреди повеќе од сето тоа оружје што го однесе и употреби ЈНА. Доволно беше само еден инцидент за да експлодира тоа оружје и во Македонија, бидејќи имаше и такви идеи. Тоа беше суштината на разбирањето на Глигоров за спас на државата. Државата постои за да ги сочува луѓето“, рече Филипче.


    Филипче се осврна и на меѓународното признавање на Македонија и приемот во Обединетите нации, оценувајќи дека Глигоров знаел да носи тешки одлуки кога тоа го барал повисокиот државен интерес.


    „Глигоров ја прифати цената на компромисот затоа што го гледаше поголемиот државен интерес, меѓународната правна сигурност и опстанокот на државата“, рече Филипче.


    На крајот, претседателот на СДСМ порача дека времето сè појасно ја потврдува историската големина на првиот претседател на независна Македонија.


    „Долго време Киро Глигоров беше човекот кому дел од Македонија не сакаше да му ги признае заслугите, а историјата сè појасно му ги признава. Ние денес не го браниме претседателот Глигоров. Неговите заслуги се толку големи што тој и покоен самиот се брани со своите дела“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Апсења во повеќе градови во Македонија

    19.10.2026 во 20:29

    Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер

    19.10.2026 во 19:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.