Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, експресно ја отфрли можноста за присуство на лидерската средба најавена од премиерот Христијан Мицкоски. Според Филипче, повикот за средба е само обид за создавање алиби за предвремени избори кои, како што тврди, се дел од поголемо сценарио поврзано со мигранти и финансиски задолжувања.

Филипче го обвини Мицкоски дека е во тесно и дека власта брза кон избори за да спроведе агенда за прифаќање мигранти во замена за кредити, повикувајќи се на информации од британските медиуми. Тој останува на ставот дека техничката влада е единствениот механизам за контрола на власта.

„Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада. Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори,“ изјави Филипче.

Лидерот на опозицијата најави дека утре детално ќе ги образложи злоупотребите во правосудството кои, според него, ја прават неопходна техничката влада.

Exit mobile version