„Ги повикувам сите граѓани, помогнете да ја зачуваме нашата татковина. Помогнете да ја зачуваме безбедноста и иднината на Македонија. Доколку власта го игнорира овој чекор ќе следат други посилни чекори. Нашето место е во Европската Унија, а не на периферијата како црна точка.“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната пресконференција повикувајќи на мобилизација против антидржавните и антинационалните политики на Владата.

Тој додаде дека е време граѓаните јасно да се спротивстават на антидржавното и антинационално однесување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со прашањето за мигрантите и  потенцираше дека ќе следи силна мобилизација.

„Ќе следи силна мобилизација, активност на секое ниво, секој град, во секоја општина, во секое село. Нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниедна цена. Нема да дозволиме на овој начин да се загрози безбедноста и иднината на земјата. Ние сакаме развој, ние сакаме да сме дел од Европска Унија, не сакаме да сме мека на мигранти, да дојдат луѓе коишто гледаме како се однесуваат во другите земји и какви проблеми создаваат, насилства, протести, силувања, болести коишто се донесени, коишто се искоренети во многу земји многу одамна. Ние тоа нема да го дозволиме, ќе го мобилизираме секој еден граѓанин на земјава. Во следниот период ќе го заокружуваме процесот, еве веќе го заокружуваме процесот, ќе го објавиме и делот на политичкиот тим на СДСМ, меѓутоа тоа нема да биде се’. Ја отвораме вратата за секој еден граѓанин, затоа што во оваа ситуација треба да направи се’ што може секој еден граѓанин, во прашање е иднината на земјата.“, потенцираше Филипче.

Exit mobile version