Филипче: Ако детектираме дека има ризик од заразување во клубовите и локалите, повторно ќе воведеме мерки

„Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, но будно ја следиме ситуацијата и епидемиолошката состојба“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека досега околу 240 илјади граѓани се вакцинирани, а околу 200 илјади се ревакцинирани.

„Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, рече Филипче и уште еднаш истакна:

„Многу мали се шансите да се заразите ако сте се вакцинирале“, дополни министерот.

21.06.2021 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега