Фетаи за Палермо летна на 22 март да ја гледа Македонија, а во агенција плати на 28 март
Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација, меѓутоа датумот отвора големи дилеми во јавноста.
На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески вети дека ќе покаже уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, но тоа не се случи, објави порталот МКД.мк.
Тупанчески се јави прв со одговор дека станува збор за тривијално прашање и дека во Палермо бил на сопствен трошок, а потоа исто кажаа и Фетаи и Нанев.
Тројцата ветија дека ќе ги објават уплатниците за патувањата, а тоа вчера го направи Фетаи, која е веќе во Порто, но на уплатницата пишува дека таа уплатила 23.910 денари за Палермо и 17.085 денари за Порто, но проблемот е тоа што датумот на двете уплатници е 28 март.
Дилема создава тоа што за Палермо се леташе на 22 март, а за Порто на 26 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа