Владата на денешната седница го усвои ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), со што се ажурираат роковите и институциите одговорни за спроведување на активностите.
Заменик-претседателот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, изјави дека со оваа одлука се обезбедува „Стратегијата за транспарентност да се спроведува со забрзан ритам и со целосна одговорност“.
„Транспарентноста е и останува приоритет на оваа Влада“, порача Фетаи.
Работната група интензивно работела од септември на ажурирање на планот со цел институциите да обезбедат уште потранспарентен пристап кон граѓаните.

