Фетаи: Немам симптоми, останувам дома, судењата се одложени

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од поранешното специјално обвинителство во следните 14 дена ќе биде во самоизолација откако нејзиниот колега обвинителот Гаврил Бубевски бил позитивен на коронавирусот. Оваа ситуација го одложи утрешното рочиште за случајот Монструм односно убиството кај Смилковско езеро. Фетаи нема да присуствува нити на судењето кое беше закажано за 9 јули а кое се однесува за „Насилството во Центар“. Фетаи за Фактор“ вели дека се чувствува добро и дека нема симптоми исто како што немал и Бубевски.

„ Со колегата работиме заедно и заедно одиме на судења каде седиме еден до друг. Секако ги почитуваме препораките, но според епидемиолошката анкета јас мора да сум дома во самоизолација, вели Фетаи за Фактор

Последното рочиште за случајот се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, кој со колегата го пронашле автомобилот во кој избегаа убијците од масакрот кај Смилковско Езеро.

Предметот се води кај судијата Огнен Ставрев, за кој сè уште нема информации дали ќе оди во самоизолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега