Фејсбук почнува да развива уреди: Познато е кога ќе излезе првиот паметен часовник

Компанијата Фејсбук вложува во развој на паметни уреди, а првиот геџет, конкретно паметен часовник, се очекува да пристигне на пазарот во текот на 2022-ра година.

Уредот ќе работи на оперативниот систем Android, но наводно социјалната мрежа работи и на сопствен оперативен систем кој ќе го користи во иднина.

Паметниот часовник ќе има опција на приказ на нотификации и пораки, следење на работата на срцето и различни можности поврзани со фитнес. Кога ќе пристигне на пазарот, ќе им се приклучи на Oculus VR и Portal уредите на Фејсбук и ќе стане дел од растечкиот хардвер на екосистемот на оваа социјална мрежа.

Фејсбук исто така работи на развој на паметни очила во соработка со “Ray Ban”, а овој уред се очекува да пристигне веќе оваа година.

Плановите на Фејсбук не се тајна затоа што околу 6 илјади вработени во компанијата веќе работат на различни проекти поврзани со виртуелна и проширена реалност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега