Федералното истражно биро (ФБИ) спречи потенцијален терористички напад за новогодишната ноќ во Северна Каролина. Осомничен е 18-годишник кој планирал да нападне луѓе со ножеви и чекани во супермаркет и ресторан за брза храна во Минт Хил.
Младиот осомничен, американски државјанин, дејствувал самостојно, објави германската агенција. Специјалниот агент на ФБИ, Џејмс Барнакл помладиот, изјави дека осомничениот ја изразил својата лојалност кон таканаречената Исламска држава (ИД) и признал дека сакал да убива Американци на почетокот на годината.
Белешките пронајдени кај него сугерираат дека таргетирал Евреите, христијаните и лицата од ЛГБТК+ заедницата, вклучувајќи лезбејки, гејови и трансродови лица.
ФБИ наведува дека осомничениот бил радикализиран преку социјалните мрежи уште кога бил тинејџер, а во декември станал полнолетен.

