Фатени лицата кои запалија ќебапчилница во Старата скопска чаршија

Фатени лицата кои запалија ќебапчилница во Старата скопска чаршија во Скопје.

- По преземени мерки  и активности било констатирано дека пријавените на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје предизвикале пожар во угостителски објект. На 06.09.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, додека за Б.А. се преземаат мерки за пронаоѓање, соопшти МВР.

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско и малолетник од с,Моране, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност" во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност", информираат од МВР. 

07.09.2023 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега