Фатени дилери кои сакале да внесат кокаин, хашиш и марихуана преку граница

 

Доцна синоќа на  граничниот премин „Табановце“ полицијата и мобилен тим од Царинската управа, фатиле тројца дилери од кои две се жени додека при влез во државата се обиделе да внесат кокаин, хашиш и марихуана.

Од МВР информираат дека приведени се А.Г.(40), Т.Д.(39), двете од Скопје и А.Б.(36) од Тетово.

„Полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со холански национални ознаки, управувано од Т.Д., во кое сопатници биле А.Г. и А.Б. и при претрес во возилото биле пронајдени три пакувања со вкупно 204 грама кокаин, наменет за улична продажба каде би достигнал вредност од околу 15.000 евра, 1 пакување со хашиш, три пакувања со марихуана и мешавина на тутун со хашиш“, информираат од полицијата.

 

26.06.2022 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа