Вчера во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.
Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица.
При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен при кражба од возило, пријавена на 24.09.2025.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
- Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
- За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
- Кривична за директор од Свети Николе
- Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
- Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
- Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
- Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

