Вчера во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.
Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица.
При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен при кражба од возило, пријавена на 24.09.2025.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
- Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
- Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
- Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
- Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
- Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
- Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
- Почнува судењето за убиството на Тупак

