Европската комисија: Протестите порад поскапувањето се легитимно право на сите граѓани

 

Ширум земјите во Европа, меѓу кои и во Албанија се одржуваа протести поради зголемувањето на цените на горивата и храната, а Европската комисија (ЕК) соопшти дека тоа е легитимно право на гражаните.

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека функционер од Брисел му кажал дека протестите се поттикнати од Русија, но потоа следеше реакцијата на ЕК.

– ЕУ потсетува дека почитувањето на европските стандарди за слобода на мирно собирање и за заштита и вклучување на ранливите групи се клучни барања за членство, кои внимателно се следат. Сите вклучени актери мора да покажат максимална смиреност и воздржаност, истакнува ЕК.

ЕК во одговорот додава дека зголемувањето на цените „во голема мерка е од агресија и војната што ја започна Русија против Украина, а не од санкциите на ЕУ и нивната поддршка од Албанија“.

18.03.2022 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега