Европска централна банка најавува нови покачувања на каматата

 

Со цел сузбивање на рекордната инфлација, Европската централна банка (ЕЦБ) го изврши најголемото покачување во својата историја на референтната каматна стапка – во еврозоната таа се зголеми за 0,75 процентни поени, на 1,25 процент, пренесува „Дојче веле“.

Оваа одлука беше донесена во текот на вчерашниот ден. Имено, советот на ЕЦБ реши да ги зголеми трите клучни каматни стапки за по 0,75 процентни поени, кое воедно претставува најголемото  покачување од воведувањето на еврото.

Советот на ЕЦБ предвиди и предупреди дека следуваат многу тешки месеци, по што значително ги намали очекувањата за економски пораст за следната година (2023г.).

Инаку оваа одлука беше соопштена од страна на претседателката на Советот на ЕЦБ, Кристине Лагард, во Франкфурт, која потенцираше дека истата била едногласна.

„Денеска одлучивме да извршиме натамошно зголемување на каматните стапки, убедени дека сме уште далеку од нивото со кое се надеваме да ја симнеме и да ја вратиме инфлацијата на среднорочната цел од два проценти," најави Лагард.

09.09.2022 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега