Европол разби голема мрежа за трговија со лажни лекови - приведени на 400 лица
Во голема меѓународна акција, координирана од Европол, уапсени се 418 лица осомничени за трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји.
Повеќе од 400.000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу април и ноември минатата година, се вели во соопштението на Европол.
Вкупните заплени на операцијата наречена „Shield V“ се во вредност од повеќе од 11 милиони евра (11,4 милиони долари), се вели во извештајот.
Операцијата беше предводена од француските, грчките, италијанските и шпанските власти, а координирана од Европол.
Лажните лекови со кои се тргува во ЕУ се во пораст, што носи огромна цена за поединецот и општеството, велат од агенцијата.
Според Европол, во рамките на операцијата биле истражени вкупно 52 организирани криминални групи.
Агенцијата забележа дека „социјалните медиуми и онлајн пазарите, и на темната мрежа“ се централни во трговијата со „фалсификувани фармацевтски производи“.
Службениците за спроведување на законот заплениле широк спектар на лекови, вклучувајќи лекови против болки, лекови за рак, допинг супстанции, хормони и психотропни лекови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа