„Евреите се виновни за Холокаустот“: Ново истражување го откри неверојатното незнаење меѓу младите Американци
Иако во Втората светска војна имало повеќе од 40 илјади логори, 58% од испитаните не знаеле да го кажат името на ниту еден од нив. Исто така, 20% од испитаните „миленијалци“ и дел од „генерацијата З“ од САД мислат дека Евреите се виновни за Холокаустот.
„Резултатите се шокантни и тажни и подвлекуваат зошто мораме да делуваме додека преживеаните од Холокаустот и натаму се со нас“, изјави Гидеон Тејлор, претседателка на Конференцијата за еврејските материјални барања против Германија, по спроведеното истражување меѓу миленијалците (родени во периодот од 1980-1994) и генерацијата З (родени во периодот од 1995-2012) ширум САД.
Целта на истражувањето била да се провери знаењето на споменатите генерации за катастрофата која се случи во Втората светска војна, односно обидот за етничко чистење на Евреите од страна на режимот на Нацистичка Германија.
Околу 60% од испитаниците во Њујорк не знаеле дека за време на Холокаустот биле убиени 6 милиони Евреи, а 34% од нив сметаат дека бројот на убиени Евреи е преувеличен, односно дека Холокаустот е некаков вид на мит кој никогаш не се случил.
28% од нив веруваат дека Неонацистите се прифатливи, а 62% од испитаниците никогаш не биле во музеј посветен на страдањето на Евреите во Втората светска војна. Сепак, 65% од испитаниците сметаат дека образованието за холокаустот е неопходно во училиштата, додека 79% дека е важно да се продолжат да се учат децата за такво нешто да не се повтори.
„Мораме да сфатиме зошто не се прави повеќе за едукација на младите генерации за Холокаустот. Ова мора да ни биде прилика за аларм и да ни служи како патоказ за делување на владите и властите“, изјави Тејлор.
Истражувањето се заснова на 1000 интервјуа во сите сојузни држави во САД и 200 интервјуа во секоја земја со луѓе на возраст од 18 до 39 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа