Поголем број улици во општина Шуто Оризари денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Исклучувањето ќе трае во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Без струја ќе останат корисниците од делови на улиците: „Тиквешка“, „Нов Живот“, „Индира Ганди“, „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“, „Пелагонија“, „Демирхисарска“, „Злетовска“, „Слан Дол“ и „Хаџи Јован Шишков“.

Од надлежните служби информираат дека прекинот е планиран и се реализира поради технички интервенции.

„Прекинот на електрична енергија во дел од Шуто Оризари е поради зафати во електродистрибутивната мрежа“, се наведува во официјалното известување.

Exit mobile version