ЕВН најави исклучувања - Пола Скопје оваа среда ќе нема струја
Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Аеродром, Кислеа Вода, Ѓорче Петров, Студеничани и Зелениково, како и во Центар.
Oд 06:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана, Општина Сарај.
Oд 08:00 до 15:00 часот, дел од село Долно Лисиче реон околу надвозникот, Општина Аеродром. додека 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат улиците „Тутинска“, „Мара Јосифовска“, „Драчевска“, „Јанко Мишиќ“ и „Бранко Заревски“ во општина Кисела Вода.
Без струја од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат дел од потрошувачите на ул. 51 во село Волково, општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград, во општина Студеничани и Зелениково.
Oд 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат и корисниците од Морани и депонија Дризла, Бато, во општина Студеничани.
Oд 09:00 до 14:30 часот, без струја ќе биде и булевар „Патризански Одреди“, зграда бр.129, општина Центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа