Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информира дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе скопски општини. Известувањето е добиено од ЕВН Македонија АД.

Прекините ќе ги опфатат делови од општините Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај.

  • Општина Центар: Од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улиците „Васил Стефановски“ и „20ти Октомври“.
  • Општина Сарај: Во периодот од 08:30 до 11:00 часот, прекин ќе има во делови од улиците 4 и 10 во Сарај, во близина на Џамијата.
  • Општина Карпош: Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улица „Ловќинска“ кај Германската Амбасада.
  • Општина Кисела Вода: Во подолг период, од 01:00 до 13:00 часот, исклучувањето ќе ги опфати корисниците на улиците „Михајл и Ефтихиј“ и „Георги Димитров“.
  • Општина Гази Баба: Од 11:00 до 14:00 часот, прекин на струја ќе имаат корисниците на улиците 18, 38 и 40 во населеното место Стајковци.
Exit mobile version