Close Menu
Press24
    Најново

    „ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот

    26.04.2026 во 14:14

    Шер ја загуби битката за старателство над нејзиниот син

    26.04.2026 во 14:03

    Хороскопски знаци кои создаваат лажни пријатели

    26.04.2026 во 13:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот
    • Шер ја загуби битката за старателство над нејзиниот син
    • Хороскопски знаци кои создаваат лажни пријатели
    • Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи
    • Напаѓачот во Вашингтон ги призна мотивите за инцидентот
    • Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ
    • Мемов: Лага се тврдењата дека техничката влада се укинува веднаш и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии
    • Ристески: 138 милиони денари од Општина Аеродром за сокачиња, за омилената фирма на ВМРО-ОКГ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот

    „ЕУ за општините“ со нов практичен прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот

    26.04.2026 во 14:144 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Техничката поддршка на проектот „ЕУ за општините“ претстави нов практичен прирачник наменет за општините во Северна Македонија. Публикацијата е насловена „Прирачник за спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за данок на имот“ и претставува конкретна алатка за планирање и спроведување на ефективни комуникациски кампањи на локално ниво.

    Прирачникот нуди структуриран и практичен пристап за тоа како општините да ги информираат и вклучат граѓаните во процесот на редовно и навремено плаќање на данокот на имот, преку јасни пораки, соодветни комуникациски канали и конкретни активности. Неговата цел е да придонесе кон зголемување на јавната свест, подобрување на транспарентноста и зајакнување на довербата меѓу граѓаните и локалната самоуправа.

    Со овој прирачник, Европската Унија преку „ЕУ за општините“ ја надградува поддршката за општините во делот на административните и технички капацитети, како и во областа на стратешката комуникација и директната интеракција со граѓаните, како едни од клучните елементи за поефикасно управување со локалните приходи.

    Во својот предговор, Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, истакнува дека општините се местото каде што европските политики се преточуваат во конкретни подобрувања во секојдневниот живот и тоа преку подобри услуги, позелени решенија, посилни локални економии или поинклузивно управување.

    Тој додава дека во изминатите години, проектот „ЕУ за општините“ покажа дека европската интеграција не е апстрактен процес, туку партнерство изградено на соработка, доверба и конкретни резултати. Програмскиот менаџер за локална самоуправа и регионален развој во Делегацијата на Европската Унија, Енцо Дамиани, нагласува дека ефикасното управување со локалните јавни финансии е директно поврзано со квалитетот на услугите за граѓаните, при што комуникацијата и информирањето на јавноста играат клучна улога во поттикнувањето на доброволно и навремено плаќање на даноците.

    Прирачникот е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамки на Техничката поддршка на „ЕУ за општините“ во Северна Македонија.

    Се дистрибуира бесплатно и може директно да се преземе на следниот линк: https://eu4m.myshopify.com/products/handbook-on-property-tax- awareness-raising-campaign Автор на публикацијата е Бардул Марку, главен уредник е Др. Клаус Рихтер, кој е и тим лидер на ТП „ЕУ за општините“, додека виш уредник за стратешки комуникации и ЕУ видливост е Бојан Кордалов.

    Овој Прирачник е дел од поширока серија на практични публикации подготвени во рамки на „ЕУ за општините“, кои имаат за цел да обезбедат практична поддршка, пренесување на знаење и практични вештини за локалната администрација во Северна Македонија, како и да придонесат за поефикасно, транспарентно и одговорно управување со јавните ресурси.

    Со оваа серија на публикации, која е достапна на следниот линк: https://eu4m.myshopify.com/, „ЕУ за општините“ остава конкретна алатка која ќе продолжи да се користи и по завршувањето на проектот, а како поддршка за општините во нивниот европски развој.

    Повеќе информации за „ЕУ за општините: Во изминатите шест години, ЕУ проектот „ЕУ за општините“ постигна значајни, мерливи и видливи резултати во зајакнувањето на капацитетите на локалната самоуправа во Северна Македонија. Обучени се околу 1.500 претставници од општините и планските региони, додека 28 обучувачи се (ре)сертифицирани, со што се обезбедува долгорочно јакнење на внатрешните капацитети во институциите на локално ниво. Воспоставен е национален Helpdesk систем кој обезбедува континуирана поддршка, додека програмата директно ги поддржа сите 81 општина во државата, обезбедувајќи целосна национална покриеност и позитивен импакт. Дополнително, реализирани се 8 ЕУ-финансирани грант проекти од страна на општините кои носат конкретни и граѓански ориентирани резултати на локално ниво. „ЕУ за општините“, исто така, придонесе за зајакнување на регионалната соработка, преку поддршка на 11 општини во процесот на меѓуопштинско организирање за управување со дестинацијата Повардарие.

    Паралелно, преку студиски посети и партнерства, беа воспоставени врски со повеќе од шест земји членки на Европската Унија, вклучително Германија, Франција, Грција, Хрватска, Шпанија, Белгија и Латвија. Во делот на поддршка за учество во ЕУ програми, постигнати се дополнителни значајни резултати. Вкупно 274 ЕУ-финансирани Interreg проекти вклучуваат партнери од Северна Македонија (општини и плански региони), со поддршка обезбедена преку „ЕУ за Општините“ во форма на обуки и практична експертиза.

    Дополнително, регистрирани се 78 Interreg проекти од тип B и C со учество на меѓународни и партнери од земјата, што претставува значителен напредок во споредба со состојбата од пред две години, кога вакви проекти не беа реализирани.

    Покрај тоа, реализирани се и 88 прекугранични проекти со соседните земји, во кои учествуваат општини од Северна Македонија, дополнително зајакнати преку поддршката на „ЕУ за Општините“ за подготовка на проекти и развој на регионална соработка. Овие резултати потврдуваат дека поддршката на Европската Унија преку програмата „ЕУ за Општините“ има суштинско влијание врз подобрување на административните капацитети, зголемување на учеството во ЕУ програмите и унапредување на локалниот развој во Република Северна Македонија.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.