Делегацијата на Европската Унија во Скопје преку својот официјален Твитер профил ја поздрави најновата реформа на Уставниот суд, нарекувајќи ја „добар чекор за транспарентноста“ во државата. Според евробирократите, јавниот пристап до највисокиот судски орган е клучен за владеењето на правото.
„Добар чекор за транспарентноста во Република Македонија, граѓаните сега можат да ги следат седниците на Уставниот суд онлајн, во живо. Отвореноста и јавниот пристап до правдата ја зајакнуваат довербата во институциите и во владеењето на правото, пишува во постот на ЕУ Делегацијата.
За потсетување, за прв пат во историјата на своето постоење, Уставниот суд направи значаен исчекор кон целосна институционална отвореност од 04 март 2026 година, воспостави најголемата реформа преку емитување на седниците во живо (live streaming) на официјалната веб-страница на Судот.


