ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства

Денеска, ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства, изјави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен на платформата Х напиша дека овие средства ќе бидат наменети за одбрана и обнова на Украина.

„Нема подобра употреба на ресурсите на Кремљ од тоа да се направат Украина и цела Европа побезбедно место за живеење“, рече Фон дер Лајен.

26.07.2024 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега