Ердоган му предложи на Путин едностран прекин на огнот во Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин во телефонски разговор дека мировните напори во руско-украинската војна треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот и „визија за праведно решение“, соопшти денеска турското претседателство, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението се наведува дека двајцата лидери разговарале за енергетиката и за црноморскиот коридор за жито.

Ердоган, исто така, му рекол на Путин дека треба да се преземат конкретни чекори за отстранување на курдските милитанти од пограничниот регион на Сирија.

05.01.2023 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега