Ердоган: Грчките безбедносни сили малтретираат и тепаат бегалци

 

Земјите како Турција го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не развиените општества, кои само го креваат својот глас, рече турскиот претседател, пишуваат медиумите во регионот.

Според написите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци.

Ердоган се обратил со видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграција.

Тој во пораката укажал на драмата со која се соочуваат бегалците денес.

„Речиси секој ден сме сведоци на драмата на бегалците, кои се прогонувани, ограбувани, тепани, па дури и убивани од грчките безбедносни сили“, рекол Ердоган, цитиран од „Анадолија“.

„Земјите како нас, кои се соседи на кризните подрачја, го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не развиените општества, кои само го креваат својот глас“, изјавил тој.

20.06.2022 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега