ЕПП и посакува среќа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите: Борбата против корупцијата и владеењето на правото мора да продолжат
Европската народна партија преку твит на официјалниот Твитер канал им посака на ВМРО-ДПМНЕ среќа на изборите на 15 јули.
Имено Европската народна партија пишува дека борбата против корупцијата во нашата земја, независното судство, економските реформи и владеењето на правото мораат да продолжат.
-ЕПП посакува нашата партија членка
@VMRO_DPMNE
се најдобро за изборите на 15 јули. Борбата против корупцијата, за независно судство, економските реформи и владеењето на правото мора да продолжат. Слободни и фер избори се неопходни за да се донесе земјата на нејзиниот европски пат, стои во нивниот твит.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа