ЕП на телевизија го гледаат 4,7 милијарди луѓе

Вкупниот број на телевизиски гледачи на натпреварите од ЕУРО2020 ќе изнесува 4,7 милијарди луѓе ширум светот, соопшти УЕФА.

На Европското фудбалско првенство, заклучно со финалето на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, ќе се одиграат вкупно 51 натпревари, кои 130 глобални радиодифузни партнери на УЕФА ги емитуваат во живо во 200 држави и територии.

Секој натпревар на ЕУРО2020 во просек преку телевизиските екрани го гледаат 100 милиони луѓе, а финалето се очекува да го гледаат околу 300 милиони луѓе.

04.07.2021 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега