Ентони Блинкен не планира на состанокот на Г-20 да се сретне со колегите од Русија и Кина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека не планира да се сретне со министрите за надворешни работи на Русија или Кина за време на состанокот на Групата 20 (Г20) во Њу Делхи.
Блинкен беше на кратка турнеја низ Казахстан и Узбекистан и ќе се упати во индиската престолнина на состанокот на Г-20, каде инвазијата на Москва на Украина ќе биде важен дел од дискусиите.
На средбата ќе присуствуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и шефот на кинеската дипломатија Цинг Ган.
- Немаме планови да се сретнеме со ниту еден од нив (министрите за надворешни работи на Кина и Русија) на состанокот на Г-20, иако веројатно ќе учествуваме заедно на различни состаноци, изјави Блинкен за новинарите во главниот град на Узбекистан.
Официјален претставник на руското Министерство за надворешни работи изјави дека Лавров планира да се сретне со најмалку седум министри за надворешни работи пред вечерата организирана од домаќинот Индија за делегати од 40 земји. Главните состаноци на Г-20 ќе се одржат утре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа