Глобалниот пазар на нафта е во состојба на паника откако нападите со беспилотни летала и ракети го парализираа извозот од Блискиот Исток. И покрај историската одлука на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) да ослободи рекордни 400 милиони барели од резервите, цената на суровата нафта Брент забележа вртоглав скок од 10 проценти во само неколку часа.
Евакуацијата на клучниот терминал Мина Ал Фахал во Оман, од каде секојдневно се извезуваат по еден милион барели, создаде огромен вакуум во снабдувањето. Експертите предупредуваат дека дури ни итните залихи не можат да ги покријат загубите настанати од физичкото затворање на Ормутскиот теснец и прекинот на операциите во Ирак и Кувајт.

