Close Menu
Press24
    Најново

    Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат од полноќ

    16.03.2026 во 12:51

    Комеморација за Кили во среда во МНТ

    16.03.2026 во 12:36

    Подгответе се за голем пресврт: Ладен бран носи дожд и снег во Македонија

    16.03.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат од полноќ
    • Комеморација за Кили во среда во МНТ
    • Подгответе се за голем пресврт: Ладен бран носи дожд и снег во Македонија
    • Ужас во Охрид: Ја нападнал сопругата во ресторан и во апартман
    • Министерот Андоновски: Нека споменот за овие чисти души биде вечен
    • Имињата кои Македонија никогаш нема да ги заборави: Годишнина од трагедијата во Кочани
    • Горан од ДНК со емотивна средба: Гитаристот им се заблагодари на лекарите во Солун кои му го спасија животот
    • (ВИДЕО) По една година: Гитаристот на ДНК повторно запеа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Емотивна порака: „Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”

    Емотивна порака: „Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”

    16.03.2026 во 11:323 Mins Read
    Александар Наунов, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Керко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…Ова на Фејсбук во емотивна порака го напиша Александар Наунов, таткото на Надица која загина во пожарот во Пулс во Кочани.

    -Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите.

    Керко моја, куќата без тебе не е куќа. Тишината без твојата смеа е потешка од секој крик. Секое утро се будам со надеж дека ќе те видам, дека ќе го слушнам твојот глас… но наместо тоа, ја гушкам празнината што остана зад тебе.

    Една година те барам во соништата, во ѕвездите, во секој ветер што ќе помине. Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите чекори што никогаш повеќе нема да се слушнат.

    Но знај едно, керко моја…

    Ти не си само спомен.

    Ти си моето срце.

    Ти си мојата душа.

    И додека јас дишам – ќе живее и твоето име.

    Почивај мирно, ѕвездо на татко ти.

    Ќе те сакам до последниот мој здив, напиша Александар.

    На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе од 200 луѓе беа повредени. Непосредно по несреќата беше одржана итна седница на Советот на Општина Кочани, по што беше прогласена седумдневна жалост – најпрво на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните информации говореа за 59 загинати и над 150 повредени, по завршувањето на лекувањето на повредените и во рамки на обвинителните постапки, конечниот биланс изнесуваше 63 жртви и повеќе од 200 повредени.

    Истрагата покажа дека ноќниот клуб со години функционирал незаконски, без исполнување на основните технички и безбедносни услови, без соодветни дозволи и без почитување на противпожарните стандарди. Во објектот биле вршени реконструкции без стручен надзор, биле употребувани лесно запаливи материјали, а просторот не ги задоволувал ниту основните безбедносни критериуми.

    Кобната вечер биле активирани три пиротехнички средства во исто време, насочени кон плафонот обложен со полиуретански сунѓер. Пожарот се проширил за само неколку секунди, а густ чад и паника ги затекнале посетителите во клубот кој имал само еден, недоволно соодветен излез. Поголемиот дел од жртвите загинале обидувајќи се да стигнат до вратата, која не претставувала стандардно евакуациско решение. 

    Жртвите се Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

    Top News
    Популарно

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23

    Макрон со остра порака: Неприфатливо е Франција да биде цел на напади

    16.03.2026 во 10:10

    Високата претставничка на ЕУ предложи нов модел за деблокада на Ормутскиот теснец

    16.03.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.