Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Експлозивни вести од Вашингтон: Средбата Трамп-Путин во Будимпешта е под знак прашалник

    Експлозивни вести од Вашингтон: Средбата Трамп-Путин во Будимпешта е под знак прашалник

    21.10.2025 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во средината на подготовките за средбата меѓу претседателите на САД и Русија – Доналд Трамп и Владимир Путин, од Вашингтон доаѓаат експлозивни вести. Имено, вчера разговараа американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по што Рубио наводно му рекол на Трамп дека Русите не се откажуваат од своите максималистички барања. Ова ја одложи средбата Рубио-Лавров, поради што и средбата Трамп-Путин во Будимпешта е под знак прашалник.

    Ова одложување на средбата Рубио-Лавров ја одложува и очекуваната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

    Ништо од средбата Трамп-Путин во Будимпешта?

    Трамп во четвртокот по телефонскиот разговор со Путин изјави дека двајцата „се согласиле да одржат состанок на високо ниво на советници следната недела“.

    „Американскиот тим за подготвителните состаноци ќе го предводи државниот секретар Марко Рубио, заедно со други функционери“, објави Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

    Сепак, состанокот беше ненадејно одложен, изјави функционер на Белата куќа за CNN. Сè уште не е јасно зошто се случи одложувањето, но една од причините е тоа што Рубио и Лавров имаа различни очекувања во врска со евентуалниот крај на војната во Украина.

    Рубио и Лавров разговараа по телефон вчера, а темата беа следните чекори по разговорите на Трамп и Путин минатата недела.

    Прочитај повеќе

    Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина

    21.09.2026 во 22:27

    Србија се подготвува за избори: Досега потврдени 11 кандидатски листи

    21.09.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.