Close Menu
Press24
    Најново

    Екс градоначалник заработи кривична – со уште еден го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра

    06.04.2026 во 18:22

    ФОТО: Сопругата на Максим Димитриевски прослави роденден – градоначалникот и упати емотивна порака

    06.04.2026 во 18:10

    Писателката Ксенија Николова стана магистер по вторпат: „Бариерите на жените во политичките лидерски улоги“

    06.04.2026 во 18:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Екс градоначалник заработи кривична – со уште еден го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
    • ФОТО: Сопругата на Максим Димитриевски прослави роденден – градоначалникот и упати емотивна порака
    • Писателката Ксенија Николова стана магистер по вторпат: „Бариерите на жените во политичките лидерски улоги“
    • Данела Арсовска: Орце Семка патеките во Скопје ги пријавил како дивоградби – брат сериозен си?
    • Трамп пресече: Вторник е последниот рок за Иран, поправен испит нема
    • ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски која стана вирална за изборите
    • (ВИДЕО) СДСМ: Деца силно пејат песна за Максим Димитриевски – се злоупотребуваат за политички цели
    • Турските бродови и понатаму пловат низ Црвеното Море и покрај блокадите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Екс градоначалник заработи кривична – со уште еден го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра

    Екс градоначалник заработи кривична – со уште еден го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра

    06.04.2026 во 18:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ (по чл. 353 в, став 1 во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ).

    Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот во својство на градоначалник на општина Кичево, односно како службено и одговорно лице, свесно и со умисла, извршил повеќе временски поврзани дејствија. Притоа во периодот од април 2021 година до ноември 2025 година во рамки на подготвувањето, распишувањето и спроведувањето на Договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно улично осветлување на ЕЛС Општина Кичево, склучен на ден 08.11.2021 со конзорциум од три правни лица две од Кичево и едно од Гостивар прекршил законски одредби содржани во Законот за концесии и Јавно приватно партнерство, како и одредби содржани во Законот за јавни набавки. И на тој начин како договорен орган практично преземал противправни дејствија со цел Договорот за модернизација на уличното осветлување во град Кичево да го додели на нему блиски лица, а со намера за стекнување на противправна имотна корист од големи размери.

    На тој начин, првопријавениот Ф.Д. нанел материјална штета на буџетот на ЕЛС општина Кичево, од околу 1.621.013,00 евра (или 99.692.345,оо денари), еднаков на износот на исплатените месечни ануитети на конзорциумот приватни фирми до поднесувањето на пријавата.

    Второпријавениот пак Б.К. пак, во својство на службено лице, вработен во општинската администрација како раководител на Сектор за финансии, воедно и именуван како претседател на Комисијата за спроведување на постапката за Јавно приватно партнерство и именуван втор член на Комисијата за следење, верификување и исполнување на Договорот за ЈПП, во истиот временски период од 2021 до 2025 година, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности. Така што на тој начин дозволил од своја страна да биде прибавена корист од големи размери на штета на буџетот на Општина Кичево.

    Популарно

    Екс градоначалник заработи кривична – со уште еден го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра

    06.04.2026 во 18:22

    ФОТО: Сопругата на Максим Димитриевски прослави роденден – градоначалникот и упати емотивна порака

    06.04.2026 во 18:10

    Писателката Ксенија Николова стана магистер по вторпат: „Бариерите на жените во политичките лидерски улоги“

    06.04.2026 во 18:07

    Данела Арсовска: Орце Семка патеките во Скопје ги пријавил како дивоградби – брат сериозен си?

    06.04.2026 во 18:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.