Економската криза не го заобиколи Ватикан: Кардиналите ќе плаќаат кирија
Католичките кардинали повеќе нема да уживаат бесплатно сместување во имотите во Ватикан ширум светот, најави папата Франциско. Поглаварот на Католичката црква оваа недела рече дека сегашната економска клима бара жртви и најави дека ќе бидат укинати и попустите за кирии за високи функционери на Ватикан.
Новата одлука е обид „да се справиме со растечките обврски“ на Католичката црква „во особено тежок економски контекст“, се вели во соопштението на папата објавено на официјалниот канал за вести на Ватикан, пренесува Кликс.ба. Постоечките договори за закуп ќе бидат почитувани, но кога ќе истечат, црковните институции кои ги поседуваат имотите ќе мора да ги третираат станарите како и секое друго лице кое не е поврзано со Ватикан и да им наплати целосна кирија по пазарни цени.Откако беше именуван за папа во 2013 година, Франциско се обиде да го реорганизира финансиското управување на Светата столица и да ја подобри транспарентноста во Ватикан.
Во 2021 година, тој ги намали платите на кардиналите и високите функционери за да се справи со штетата предизвикана на црковните сметки од епидемијата на корона.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа