Утре во работна посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој ќе предводи делегација на бизнисмени од Казахстан. Делегацијата ќе учествува на Бизнис форум со претставници на македонската деловна заедница.
Во рамки на посетата предвидено е двајцата министри да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.
На средбата се очекува да се разговара за билатералните односи и можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка.


