Eвропската комисија денеска поднесе официјален предлог за мобилизирање на 7,5 милиони евра од Европскиот фонд за приспособување кон глобализацијата (ЕГФ). Целта е да им се помогне на вкупно 3.414 лица кои ги загубија своите работни места по затворањето на фабриката на „Ауди“ во Брисел.

Кризата настана откако во февруари минатата година, германскиот автомобилски гигант го затвори својот погон во белгиската престолнина, каде што се произведуваше моделот „Q8 e-tron“. Овој потег резултираше со отпуштање на сите 2.580 директно вработени во фабриката, но предизвика и верижна реакција кај добавувачите, каде без работа останаа уште 834 лица.

Според планот на ЕК, средствата ќе бидат наменети за приспособување на работниците на новите пазарни услови. „Со предвидените средства ќе се организираат обука за надоградување и за развој на нови работни вештини, како и советодавни услуги за помош на отпуштените работници за иницирање сопствени бизниси“, се наведува во предлогот.

За да стане оперативна, оваа помош треба да биде одобрена од Европскиот парламент со просто мнозинство и од Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство.

Exit mobile version