Close Menu
Press24
    Најново

    Возеле мортус пијани, пребрзо и без дозволи – Уапсени 42 возачи низ Македонија

    16.03.2026 во 09:59

    Вучиќ остро му одговори на Милановиќ: Нема хрватскиот претседател да ми кажува што ќе зборувам

    16.03.2026 во 09:55

    Анализите покажаа – Пиеме ли безбедна вода во Скопје?

    16.03.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Возеле мортус пијани, пребрзо и без дозволи – Уапсени 42 возачи низ Македонија
    • Вучиќ остро му одговори на Милановиќ: Нема хрватскиот претседател да ми кажува што ќе зборувам
    • Анализите покажаа – Пиеме ли безбедна вода во Скопје?
    • Нафтата драстично поскапе
    • Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина
    • Пријавувањето е до петок – Планинарскиот клуб Љуботен организира поход до Лешница
    • Израел планира напади врз Иран во следните три недели
    • Пробиштип оддава почит на жртвите од Кочани: „Овој 16-ти март носи тежина која не се опишува”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Една година од трагедијата која ја зави Македонија во црно – Болка и сеќавање за 63. ангели

    Една година од трагедијата која ја зави Македонија во црно – Болка и сеќавање за 63. ангели

    16.03.2026 во 08:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе од 200 луѓе беа повредени. Непосредно по несреќата беше одржана итна седница на Советот на Општина Кочани, по што беше прогласена седумдневна жалост – најпрво на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните информации говореа за 59 загинати и над 150 повредени, по завршувањето на лекувањето на повредените и во рамки на обвинителните постапки, конечниот биланс изнесуваше 63 жртви и повеќе од 200 повредени.

    Истрагата покажа дека ноќниот клуб со години функционирал незаконски, без исполнување на основните технички и безбедносни услови, без соодветни дозволи и без почитување на противпожарните стандарди. Во објектот биле вршени реконструкции без стручен надзор, биле употребувани лесно запаливи материјали, а просторот не ги задоволувал ниту основните безбедносни критериуми.

    Кобната вечер биле активирани три пиротехнички средства во исто време, насочени кон плафонот обложен со полиуретански сунѓер. Пожарот се проширил за само неколку секунди, а густ чад и паника ги затекнале посетителите во клубот кој имал само еден, недоволно соодветен излез. Поголемиот дел од жртвите загинале обидувајќи се да стигнат до вратата, која не претставувала стандардно евакуациско решение. 🕯️

    Точно во 02:32 часот, со едноминутен молк им беше оддадена почит на жртвите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“, настан што засекогаш го промени Кочани.

    „Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го обележа Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк. Нека светлината биде потсетник дека не забораваме, а тишината нека зборува за љубовта што останува“, порачаа од здружението на граѓани „16 Март 2025“, организатори на собирот пред дискотеката.

    Жртвите се Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев. Слава им.

    Top News
    Популарно

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Малолетник преживеал хорор во Чаир

    16.03.2026 во 08:23

    Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    16.03.2026 во 08:01

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.