Единствена Македонија: За каква историска одлука на Вселенската патријаршија зборува марионетата Ковачевски?

 

Единствена Македонија го прашува марионетскиот премиер Димитар Ковачевски за каква историска одлука станува збор со наводно признавање на Македонската правослвана црква од Вселенската патријаршија, а такво нешто нема.

Вселенската патријаршија во името на нашата црква го признава само „Охрид“ а нашата македонска црква не смее да го користи терминот „Македонија“ и кој било друг дериват на зборот „Македонија“.

Во цел свет во името на црквата се гледа и името на државата на кој припаѓа односната црква, а само ние во Македонија не можеме да имаме Црква со назив: Македонска православна црква.

Единствена Македонија апелира на здраворазумско поведение и ја повикува власта да не шири лажна еуфорија и радост предвреме, за одлука која ја руши позицијата на МПЦ меѓу православните верници. МПЦ како институција која е главен столб на македонското опстојување и вековен  чувар на идентитетот на македонскиот народ, со случувањата во кои е втурната сонејзиното безимено третирање од страна на Вселенската патријаршија, истовремено значат и уривање на главниот столб на македонското опстојување. Единствена Македонија ја повикува МПЦ да не подлегнува на штетната и провокативна одлука на Вселенската патријаршија и да опстои во историската битка до конечна победа за целосна автокефалност на МПЦ со нејзиното македонско име.

Дотолку повеќе, се работи за проблем поврзан со националниот идентитет на македонскиот народ и македонската држава и за прашање од стратешки интерес за црквата, нацијата и државата.

Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на МПЦ во одбраната од било какви напади, бидејќи нападот врз МПЦ е напад врз Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија

11.05.2022 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега