Единствена Македонија: Скандал, професорот што земал бонуси од парите на студентите, вчера со помош на власта избран за ректор
Единствена Македонија преку соопштение побара од надлежните институции да го истражат случајот за професорот кој земал паричен бонус од Студентскиот фонд на универзитетот.
„Во јавноста излегоа скандалозни информации дека раководството на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола си делело парични бонуси од Студентскиот фонд на универзитетот.
Уште посканадалозно е што еден од професорите кои се омрсиле од парите во Студентскиот фонд, професорот Игор Неделковски досегашен проректор за настава, вчера со помош на власта беше избран за нов ректор на Битолскиот универзитет.
Студентите со право се гневни што раководството на Битолскиот универзитет си делело парични бонуси на нивните плати од Студентскиот фонд кој го полнат студентите, а од друга страна македонското образование е на дното во Европа.
Единствена Македонија бара од надлежните институции да го испитат овој случај со грабежот на студентите на Битолскиот универзитет, дотолку повеќе, ваквите активности сериозно го рушат кредибилитетот на овој универзитет“, велат од Единствена Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа