Единствена Македонија: Јотова да биде протерана од Македонија

 

„Единствена Македонија силно ја осудува најновата провокација од бугарската потпретседателка Илиана Јотова која на денот на ослободувањето на Битола од бугарскиот фашистички окупатор слободно се рашетува по Македонија и на прашање зошто Бугарија не дозволува регистрација на здруженија на македонци што живеат таму одговара: Кои се тие Македонци?“. Оваа порака ја испраќаат од политичката партија Единствена Македонија, во врска со доаѓањето на Јотова вчера во Битола.

„Јотова подмукло праќа порака дека не постојат Македонци и ја омаловажува борбата на македонските партизани против бугарскиот фашистички окупатор. На ваквотто антимакедонско поведение од Јотова, од страна на власта во Скопје - молк!

Со Јотова дојде потврдата дека во изминатите 30 години со Македонија управуваат марионети купени и контролирани од странски центар. Сепак, Јотова е среќна личност оти доколку вака безобразно се однесува во нормални држави, веднаш би била протерана.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија гледаат единствена надеж. Со новата легална власт на Единствена Македонија времето на мариоенти станува минато. Доаѓа ремето на народни водачи кои ќе работата во интерес на Македонците и државјаните на Република Македонија, а не во интерес на странците“, се вели во реакцијата на Единствена Македонија.

05.11.2022 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега