Единствена Македонија до Османи: Не си прави бајрам на умот

 

Единствена Македонија го повикува Бујар Османи да го покаже во јавноста документот кој Македонија е подготвена да го прифати, но дека се чека одговор од бугарска страна. Македонскиот народ има право да знае за што се преговара зад сцената и што договара марионетската влада во Скопје. Затоа, повикуваме на обелоденување на тој таен документ за македонскиот народ да види што точно содржи.

Единствена Македонија го потсетува Бујар Османи да не си прави бајрам на умот бидејќи прашањето за Македонија и Македонците не е прашање на еден министер и една влада, туку на македонскиот народ.

На повидок е ново национално предавство налик на капитулантскиот договор со Грција. Единствена Македонија го предупредува Бујар Османи дека за национално предавство одговорност мора да има, и ќе има. Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси никогаш нема да ја предаде Макеоднија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија

15.04.2022 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега