Вчера во атарот на село Теарце, беше успешно отстранета артилериска граната со калибар од 100mm од Првата светска војна. Гранатата била пронајдена на отворен простор. Веднаш биле преземени соодветни активности за нејзино безбедно обезбедување и дислоцирање.
По извршената проценка на терен, пиротехничарот Зоран Пеев од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), спроведе контролирана интервенција согласно утврдените безбедносни протоколи.
ДЗС апелира до граѓаните, при пронаоѓање на неексплодирани убојни средства, веднаш да ги известат надлежните институции и самостојно да не преземаат никакви активности.


