„Џип“ удри во жена во Тетово, со тешки повреди пренесена во болница

78-годишна жена е потешко повредена откако во неа удрил џип во Тетово.

-Вчера во 18.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот А.С. од Тетово удрило во 78-годишната М.Г. од Тетово, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Тетово, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

30.08.2024 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега