Џенифер Анистон открива какви пораки добивала по веста дека е во врска со колега од „Пријатели“

Џенифер Анистон во утринско шоу ги коментирала гласините дека се зближила со актерот Дејвид Швимер.

Таа рече дека добивала пораки за нивната наводна романса, а меѓу другото, добила и фотографии од серијата Пријатели во кои ги глумат Рејчел и Рос.

"Луѓето ми пишуваа пораки како:" Мислев дека направи пауза. "Не знаев за што зборуваат", рекла актерката.

"После тоа, отидов да ги разгледам порталите за да видам што се случува. Мислев дека тоа е најсмешната гласина што сум ја слушнала", додала Џенифер.

Имено, извор близок до актерите открил за списанието Closer дека по специјалната епизода на Пријатели, тие почнале да поминуваат многу време заедно. Набргу потоа, Дејвид му рекол на својот портпарол дека не е точно дека е во врска со Џенифер.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

23.09.2021 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа