Вчера во попладневните часови беше пријавено во ЦУК дека преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.
Екипа веднаш излезе на терен и за среќа ги пронајде двете лица живи и здрави.

„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, соопштија вчера од ЦУК.

Exit mobile version