Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17:00 часот на патот А1 Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила, при што пет лица се здобиле со повреди, а двајца загинале на лице место. објави Скопје1.мк

„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица,“ информираат од МВР.

Полицијата извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот од 18:00 часот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

Од МВР додаваат дека деталните информации за причините и околностите на несреќата ќе бидат соопштени по завршувањето на увидот. објави Скопје1.мк

Exit mobile version