Во однос на сообраќајната несреќа во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во несреќата две лица го загубија животот, меѓу кои и возачот на едниот автомобил, додека петмина се повредени.
Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите.
Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата.
Актуелно
- Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи
- Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител
- Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор
- Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
- Обвинение за „испумпани“ 22 милиони евра од буџетот преку фиктивни згради и станови
- Јаневска: Нашите ученици се радоста и гордоста на оваа земја – 2026 нека биде година на знаење
- „Швајцарско“ возило полно до врв со експлозив: Царината заплени над 40.000 петарди на Блаце, приведен гостиварец
- „Трагедијата во Кочани ќе не следи како сенка“: Сиљановска-Давкова во новогодишната честитка побара правда за жртвите

