Двајца тинејџери настрадале во земјотресот во Грција- нивните тела биле најдени под урнат ѕид

Двајца тинејџери биле пронајдени мртви на грчкиот остров Самос, откако земјотресот ги погоди Грција и Турција, соопшти денеска службеник за итни случаи.

Смртта на момчето и девојчето е потврдена откако биле пронајдени под урнатиот ѕид во делот на градот Вати, на островот, пренесува Ројтерс.

АНА претходно објави дека четири лица биле хоспитализирани со полесни повреди. Никој не бил животно загрозен, објавено е од болницата на островот.

Сеизмолозите предупредија дека луѓето треба да очекуваат низа силни земјотреси што ќе следат по земјотресот со јачина од 6,7 Рихтер што го погоди островот Самос и турскиот брег денеска. Тие ја повикаа јавноста да се држи настрана од „ризичните“ згради. Досега се забележани голем број последователни удари, а најсилниот беше 4,6 степени по Рихтер.

Директорот на Националната опсерваторија на геодинамичкиот институт во Атина, Акис Челентис, рече дека земјотресот со јачина од 6,7 степени е главниот земјотрес, но предупреди дека се очекуваат многу силни земјотреси со јачина од 6,2 степени и дека островјаните треба да бидат крајно внимателни и да избегнуваат приближување кон оштетените згради. .

Костас Папазахос, професор по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун, рече дека земјотресот бил помеѓу 6,8 и 7,0 степени според Рихтеровата скала и поради тоа предизвикал толку сериозни штети во Турција, при што загинаа најмалку шест лица, повредени се над 200 и предизвикаа голема штета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега