Двајца судии поднесоа оставки од Судскиот совет по хаосот и кавгите

Судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев. Од Судскиот совет за „Макфакс“ потврдуваат дека двете оставки се архивирани, но досега не е закажана седница за нивно констатирање.

„Во моментот можам да потврдам само дека има оставки“, велат од Судскиот совет за „Макфакс“.

Герасимовски е апелациски судија, а Радевска-Стефкова е врховна судијка. Изборот на Герасимовски во Судскиот совет беше критикуван бидејќи е избран со осум гласа, од кои осмиот глас си го дал сам за себе. Оставките ги поднесуваат во време кога од невладините организации побараа Судскиот совет да се самораспушти бидејќи ја урнисува довербата во правосудството преку секојдневните расправии и начинот на кој ги носат одлуките.

Судскиот совет во последниот месец е цел на негативни критики и од страна на меѓународната заедница.

06.06.2023 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега