Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар
    • Почина 13-годишникот кој беше прободен со нож во срце
    • Филипче: Македонија не е на продажба
    • ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски бега од соочување со советниците, наместо еднаш месечно, тој советничките прашања ги закажа за Нова година
    • Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија
    • (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон
    • Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус
    • Алармантна состојба во северна Етиопија: ОН загрижени поради заземањето на три аеродроми во Тиграј
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

    Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

    26.10.2025 во 14:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми.

    На седницата на Советот за национална безбедност беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили таму од други делови на Словенија и активирање на специјални полициски единици доколку е потребно.

    На повиците на опозицијата со кои се бара оставка од целата влада, Голоб одговори:

    „Моето заминување не може да го врати таткото во живот. Министрите ја презедоа одговорноста. Моето заминување би било бегство од одговорноста – сакам да ја преземам за да може животот, не само во Долењска, туку и во цела Словенија, да биде побезбеден во иднина.“

    Во ноќта од петок кон сабота во центарот на Ново Место се случи напад врз граѓанин кој претрпел сериозни повреди на главата, а подоцна починал во болница. Нападот се случи во саботата околу 2:30 часот наутро, кога маж дошол во бар на улицата Розманова за да го земе својот син, кој му се јавил бидејќи му се заканила група Роми. Според првичните информации, мажот бил претепан од групата, но полицијата досега уапсила 20-годишен осомничен припадник на росмка заедница, јавија словенечките медиуми 

    Прочитај повеќе

    Голем пожар во индустриската зона кај Риека: Издадени итни предупредувања за граѓаните

    24.09.2026 во 09:51

    Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа

    23.09.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.