Двајца прилепчани попречиле пат на комбе со работници - нападнале работничка и го оштетиле возилото

 


СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.З.(47) и Е.С.(41), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 16.08.2024, пријавените му го попречиле патот на И.К., кој управувал комбе со кое превезувал работници, при што првопријавениот со тврд предмет го оштетил возилото, додека второпријавениот физички нападнал една од работничките.

10.09.2024 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега